Барселона ги продолжува преговорите со поранешниот тренер на тимот Роналд Куман, околу отштетата што ќе треба да му ја исплати откако му додели отказ. Според „Спорт.ес“, каталонскиот клуб ќе треба да му плати на холандскиот стручњак околу 20 милиони евра.

Ова се речиси сите пари што Каталонците требаше да ги искористат за купување играчи во јануари.

Куман беше тренер на Барселона од 19 август 2020 до 27 октомври 2021 година.

Под негово водство, каталонскиот клуб го освои Купот на Шпанија во сезоната 2020/21.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.