Екипата на Барселона загуби на гостувањето кај Баерн Минхен со 3:0, со што заврши на третото место во Групата Е во Лигата на шампионите и во пролетните натпревари од европските натпреварувања ќе продолжи во Лигата на Европа.

Каталонците ја завршија групната фаза со седум бодови, еден помалку од Бенфика, која со 2:0 во Лисабон го совлада Динамо Киев и се проби на второто место, кое на португалскиот великан му обезбедува место во осминафиналето во најелитното клупско натпреварување.

Врвот на табелата остана резервиран за Баерн, кој освои максимални 18 бодови од шест одиграни натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.