Барселона испушти победа попладнево на гостувањето кај Селта во Виго, откако прими гол во финишот од мечот кој заврши 2:2.

По овој „кикс“ Барселона е прва на табелата, но на нејзиното конто наместо планираните три, е додаден само еден бод. Каталонците сега имаат 69, пред Реал кој е со 68, но и натпревар помалку.

Мадридскиот клуб утревечер, во рамките на 32. коло, ќе гостува на Еспањол и со евентуална победа ќе биде сам на врвот во Ла Лига со два бода предност пред големиот ривал за трофејот.

На првиот денешен дуел од 32. коло во Шпанското фудбалско првенство, Атлетик Билбао ја совлада Мајорка со 3:1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.