Барселона планира да назначи нов тренер. Раководството на каталонскиот клуб смета дека Кике Сетиен не можел да ги придобие играчите поради фактот што тој не постигнал значителен успех ниту во својата играчка, ниту во неговата тренерска кариера, објави денеска „ЕСПН“.

Сопствениците на клубот сакаат да назначат тренер со име што фудбалерите би го почитувале, а таков е селекторот на Холандија, Роналд Коман, пишува медиумот, кој сè уште се смета за кандидат за Барселона, и покрај тоа што тој претходно го одби клубот.

Во игра е и тренерот на Ал-Сада, Чави, но неговото назначување во моментот е малку веројатно поради јануарско одбивање да стане предводник на каталонската гордост.

Друг кандидат е екс тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино. Сепак, неговото назначување може да биде попречено од неговото тренерско искуство во градскиот ривал Еспањол и критикување на Барселона во минатото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.