Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, по пауза од седум месеци денеска постигна погодок во Ла Лига. Тој беше стрелец на последниот четврти гол во триумфот на неговиот Леванте (4-1) над Рајо Ваљекано во рамките на 36 коло.

За гостите кои кои се пред испаѓање, на клупата за резервни играчи беше македонскиот голман Столе Димитриевски.

Леванте во првите 45 мин. дојде до 2-0 преку погодоците на Кампања и Везо. Во вториот дел, Гарсија намали на 2-1, но во последните четири минути, прво Тоно погоди, а Барди во судиското продолжение ја запечати судбината на Раја Ваљекано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.