Фудбалерот за врска на македонската репрезентација Енис Барди, рече дека Пандев многу ќе недостига во иднина.

Цел живот ќе ни биде во глава ова ЕП. Искуство што го стекнавме треба да не носи напред и да ни дава сила во обидите повторно да направиме ваков успех. Сонот на сите нас беше да дојдеме овде и да докажеме дека Македонија има квалитетни играчи. Натпреварот со Холандија изобилуваше со многу емоции поради пензионирањето на Горан Пандев, затоа што знаеме кој е Горан и што значеше за оваа репрезентација. Ќе ни фали секогаш. Тој е најголемиот играч во историјата на македонскиот фудбал. Ние сите треба да продолжиме по неговиот пат. Тој беше пример за сите нас. Сега треба да се одмориме, а потоа на работа со цел да се вратиме меѓу европската елита, изјави Барди.

Македонската репрезентација вечерва загуби од Холандија со 3:0 и без освоен бод ги заврши настапите на ЕВРО 2020.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.