Енис Барди денеска се појави покрај селекторот Благоја Милевски на средбата со новинарите пред дуелот против Исланд во 5. коло од квалификациите за мундијалот во 2022 година.

„Тоа што го направивме не се заборава, но тоа останува во историјата. Фудбалот е таков спорт кој бара докажување на секој нов натпревар. Секој пат од нас се очекуваат добри резултати, но не гледам дека имаме притисок. Гладни сме за уште поголеми успеси, имаме многу што да дадеме. Оваа генерација е млада и може уште многу да понуди. Најважно е да одиме натпревар во натпревар“ – вели фудбалерот на Леванте.

За гостувањето во Рејкјавик тој додава дека ако сакаме успех, македонските фудбалери мора да бидат максимално фокусирани сите 90 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.