Фудбалерот на македонската репрезентација, Енис Барди, преку социјалните мрежи се заблагодари на сите кои му даваа поддршка изминатиот период кога беше во изолација поради позитивен тест на корона вирус.

Благодарност до сите кои ми испративте пораки со поддршка овие денови. Се чувствувам одлично. Ќе се видиме на Европско во многу скоро време. Благодарам уште еднаш на сите – порачува Барди.

Тој веќе им се приклучи на своите соиграчи од националниот тим, а според најавите на селекторот Игор Ангеловски, големи се шансите да настапи уште на првиот натпревар на ЕУРО 2020, против Австрија на 13 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.