Денешен „Дејли Рекорд“ јавува дека Баерн Минхен започнал разговори со Манчестер Сити за можноста Лерој Сане да се врати во Германија. Баварците имаа желба да го ангажираат Сане уште во 2016 година кога играше за Шалке.

Во истата година, сепак, Пеп Гвардиола ги напушти Баварците, а Сане одлучи да му се придружи во Манчестер Сити.

Неговиот сегашен договор со „граѓаните“ е до 2021 година, па Баерн ќе мора да понуди околу 100 милиони евра ако сака да го доведе.Интересно е што „граѓаните“ сакаат да го продолжат договорот со крилото, но тој самиот одбива да одржи такви разговори.

Во оваа сезона, Сане настапи во 31 лигашки натпревар, од кои во 21 беше стартер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.