Надзорниот одбор на Баерн би можел на 22 мај да го смени од должноста извршниот директор Оливер Кан поради слабите резултати на минхенскиот фудбалски клуб во оваа сезона, пренесуваат денеска германските медиуми.

Баерн во четвртфиналето во Лигата на шампиони беше елиминиран од Манчестер сити, а настапот во Купот на Германија го заврши поразот од Фрајбург.

Пред повеќе од еден месец Баерн го смени тренерот Јулијан Нагелсман во Томас Тухел на неговото место, но тоа не ги донесе посакуваните резултати и баварскиот клуб во меѓувреме ја загуби водечката позиција во Бундеслигата на пет кола до крајот на сезоната.

Кан би можел да биде сменет а 22 мај, но Хас Салихамиџиќ ќе остане на должноста спортски директор. Кан е најголемиот виновник за лошите резултати, бидејќи тој ги носи одлуките за сè. Тој одлучи да го смени тренерот и донесе играчи. На Баерн не му оди ниту со Нагелсман, ниту со Тухел. Челниците на клубот се разговараат и за Салихамиџиќ, но единствениот функционер чија работа е во голема опасност е Кан, објавија Билд и Скај Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.