Македонските екипи кои ќе настапат во квалификациите за фудбалската Лига на Европа, попладнево ги дознаа противниците за 1. коло.

На денешната ждрепка во Нион, Шкендија и Шкупи, исто како и Силекс кој игра во квалификациите за Лигата на шампионите, ќе се сретнат со екипи од Азербејџан, додека Ренова доби ривал од Ерменија.

Двојки:

Шкендија – Сумгајт

Шкупи – Нефчи

Ренова – Алашкерт.

Трите македонски екипи ќе ја имаат улогата на гостин, а дуелите ќе се играат или на теренот на противникот или на неутрален терен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.