Фудбалерите на Партизан го победија тимот на Келн со 2:0 на стадионот во улицата Хумска, во четвртото коло од групата Д на Конференциската лига.

Домашната екипа ја оствари втората последователна победа во Конференциската лига со головите на Фусени Диабате во 15. минута и Рикардо Гомеш во 52. минута.

Партизан е на првото место во групата Д со осум бодови, Ница е втора со пет бода и натпревар помалку, Келн има четири, додека Словачко има еден бод од три меча.Навивачите на црно-белите беа презадоволни и гостите беа испратени со извици „ауфидерзен“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.