Јани Атанасов денеска го одигра натпреварот на животот. За Хајдук постигна два прекрасни гола, и ги посвети на штотуку починатиот пријател. Неговиот другар загина во сообраќајна незгода. Неколку дена беше во кома, но ја загуби најважната битка.

Со поглед кон небото, Атанасов ги посвети головите на својот штотуку починат пријател.

Откако знам за себе знам и за тебе , ти беше другар каков што секој би посакал да има до него.. Делевме тага , среќа , безброј убави спомени.. Ме остави да се борам сам , но знам дека ќе продолжиш да ме гледаш и да се радуваш на моите успеси .. Вечно ќе останеш во нашите срца!Почивај во мир БРАТ МОЈ„, напиша Атанасов на Инстаграм вчера.

Атанасов постигна два гола против Локомотива. Најпрво со лоб удар од мртов агол за 1:2, а потоа и со вистинска „бомба“ за 2:5. На крајот Хајдук победи со 3:6, и се пласираше понатаму во Купот на Хрватска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jani Atanasov (@janiatanasov)

 

Преземено од Екипа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.