Во натпреварот од 25. коло од Премиер лигата, Барнли и Арсенал попладнево одиграа нерешено 0:0. За лондонскиот клуб ова е четврто реми по ред во првенството на Англија.

Претходно, Арсенал не ги победи Кристал Палас (1:1), Шефилд јунајтед (1:1) и Челзи (2:2).

Екипата на тренерот Микел Артета, освои 31 бод заземајќи го 10.место на табелата, 10 бода помалку од зоната која носи учество во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.