Англискиот ФА куп сезонава ќе добие нов владетел, откако бранителот на трофејот Арсенал загуби попладнево во шеснаесетфиналето од Саутемптон со 1:0.

Домаќините обезбедија пласман во следната рунда благодарение на автоголот на Бразилецот Габриел во 24 минута.

Со триумфот Саутемптон успеа да елиминира актуелен освојувач на англискиот ФА Куп, првпат во клупската историја од 1902 година.

Саутемптон во осминафиналето го чека уште една премиерлигашка пресметка, против Вулверхемптон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.