Напаѓачот на Австрија, Марко Арнаутовиќ се огласи на социјалните мрежи по инцидентот со македонскиот репрезентативец, Езѓан Алиоски и суспензијата од УЕФА.

„Бидејќи сум сам татко на 2 ќерки и многу сум свесен за мојот пример, особено кај деца и адолесценти, уште еднаш жалам за моето однесување. За жал, имаше изјави од двете страни, но провокациите исто така не се оправдување за тоа што се случи. Веднаш по натпреварот разговаравме пријателски и се извинивме еден на друг. Сепак, сè уште не можам повеќе да го прифатам моето емотивното избувнување“, објави Арнаутовиќ.

Тој потврди дека е суспендиран за утрешниот натпревар против Холандија, но ќе даде 100 % за натпреварот со Австрија.

ФФМ го пријави случајот, а УЕФА денес и официјално ја објави казната за напаѓачот.

„Во случајот во кој Марко Арнаутовиќ е обвинет за навреди упатени кон друг фудбалер, донесена е одлука Арнаутовиќ да биде суспендиран на еден натпревар“, објави европската куќа на фудбалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.