Фудбалерите на Саудиска Арабија со два гола за пет минути направија целосен пресврт против Аргентина и по водството на „гаучосите“ на полувреме, поведоа со 2:1 против големиот фаворит.

Огромна радост за Саудијците донесоа Ал Шехри и Ал Давсари, кои со удари од косо од левата страна го совладаа аргентинскиот голман, Мартинез.

Претходно, Аргентинците, во првото полувреме целосно доминираа а поведоа со голот од пенал на Меси во 10 минута.

Потоа, до полувремето, на Аргентина и беа поништени три голови поради офсајд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.