Офанзивниот играч за врска на ПСЖ, Анхел Ди Марија, заработил повреда на последниот тренинг на аргентинската репрезентација, па ќе ги пропушти дуелите против Венецуела и Мароко.

Станува збор за пријателски натпревари на „Гаучосите“, па оваа вест сигурно нема да му донесе проблеми на селекторот на Аргентинците, Лионел Скалони.

Ди Марија оваа сезона игра во фантастична форма – досега има одиграно 39 натпревари на кои има постигнато 16 погодоци и 13 асистенции. Засега не е познато колку долго ќе отсуствуа Ди Марија од терените поради повредата и дали ќе му биде на располагање на тренерот на ПСЖ по репрезентативната пауза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.