Аргентинскиот офанзивен играч за врска, Анхел Ди Марија во летниот преоден рок би можел да го напушти ПСЖ. Наовдно, шампионот на Франција планира да го продаде Аргентинецот, а како можна дестинација за Ди Марија следната сезона се споменува Шпанија.

„Don Balon“ наведува дека сепак тоа нема да биде Реал Мадрид, каде што веќе настапуваше, туку Атлетико Мадрид или Барселона. Во Барселона спремаат промени по испаѓањето од Лигата на Шампионите, а наводно на трансферот работи и неговиот приајтел Меси.

Сепак и тренерот на Атлетико М., Диего Симеоне е заинтересиран за овој фудбалер, па ќе биде многу интересно ова лето на трансфер пазарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.