Репрезентациите на Англија и Шкотска си ги одмерија силите во Лондон по врнежливо време. Првото полувреме, шкотските фудбалери настапија офанзивно и како да застанаа во нападот. Првата голема шанса, Англија ја доби преку корнерот и Стоун кој биеше во левата статива. Само минута одоцна, Маунт пропушти шанса за гол.Тоа како да ги разбуди фудбалерите на Шкотска. Фоден имаше стопроцентна шанса да реализира гол, но судијата покажа офсајд.

Шкотланѓаните како фурија го опседнаа англискиот гол, решени да докажат дека не играат само островски фудбал. Во 30тата минута, Шкотска не успеа да ја затресе мрежата на Пикфорд, кој одбрани директен удар кон голот. Шткотланѓаните тешко доаѓаа до посед на топката, но не дозволуваа пристаp до нивниот гол.

На полувреме, двата тима заминаа без голови. Второто полувреме, Маунт беше директно кон голот, но Маршал успеа да одбрани. Во 62тата минута, повторно налет на шкотланѓаните, Дајкс не успеа да ја смести топката во голот на Пикфорд. Корнерите за двата тима станаа како единствена можност да дојдат до гол. Во 3тата минута, повторно зрела шанса за Шкотска која не успеа да ја реализира во гол. Шткоска имаше повеќе обиди за удар кон голот. Тимотвите како да се натпреваруваа кој ќе изнуди што повеќе корнери. Пред самиот крај, во дополнителните две минути продолжение, настана вистински карамбол ред шкотскиот гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.