Иако македонската фудбалска јавност го смета за голем бодот освоен на гостувањето во Словенија, селекторот Игор Ангеловски не мисли така.

Бевме подобри и имавме повеќе шанси од Словенија. Реми против таков квалитетен тим на негов терен е добар резултат, но според тоа што се случуваше на теренот, не можеме да бидеме задоволни. Заслуживме да победиме, изјави Ангеловски по натпреварот во Љубљана.

Словенија не ме изненади. Тактички играше добро и го играше својот стил на игра. Мислам дека станува збор за одлична репрезентација, заклучи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.