Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, по враќањето во Скопје од Европското првенство, потврди дека си заминува од националниот тим.

Со задоволство го одработив секој момент како селектор на фудбалската репрезентација. Причините за моето заминување се добро познати на јавноста. Среќен сум што го остваривме сонот на сите генерации. На македонската фудбалска и посакувам се најдобро во иднина и да се радуваме на вакви големи настани – изјави Ангеловски.

Причината за заминување на Ангеловски е тоа што неговиот договор со ФФМ истекува на крајот на следниот месец.

По потврдата на Ангеловски дека повеќе нема да биде селектор, раковдството на ФФМ во брзо време ќе назначи негов заменик, кој ќе ја предводи репрезентацијата во квалификациите за Мундијалот во катар 2022 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.