Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски во пресрет на утрешниот дуел со Израел, посакува добар резултат и по можност да се освои третото месо, што ќе претставува најдобар резултат на „црвено-жолтите“ во еден квалификациски циклус.

Ангеловски вели дека атмосферата во националниот тим е добра и сите играчи се мотивирани.

– Кога игра репрезентацијата сакаме поддршка, на последните натпревари имавме полни трибини, а фудбалерите вратија на најдобар начин. Подготвени сме и мотивирани повторно да ги израдуваме повторно нашите навивачи. За нас не постои притисок за да го освоиме третото место, туку ние на таа шанса гледаме како мотив. Овие фудбалери за сето тоа што го покажаа во овие квалификации заслужија да завршат како трети. Ние одиме на победа, а колку ќе биде доволно ќе видиме, изјави Ангеловски на денешната прес-конференција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.