Селекторот на фудбалската репрезентација, Игор Ангеловски, го одржа првиот тренинг во пресрет на мечот против Косово, на кој може да се избориме за историски пласман во бараж натпревар за пласман на Европско првенство.

Главна вест на тренингот беше присуството на капитенот Горан Пандев кој водеше бирократска војна за да слета во Скопје, откако цел тим на Џенова беше испратен во изолација поради кризата со Ковид 19.

На крајот, со напори од повеќе страни, Пандев пристигна во Скопје, а Ангеловски не го криеше воодушевувањето од неговата огромна желба да настапи на натпреварот со Косово.

Во ова денешно време и ситуацијата во која се најде Џенова, имавме потешкотии. Би кажал дека неговото доаѓање тука покажува колку му значи овој натпревар против Косово. Знам што разговаравме изминативе четири години, сака да игра на Европско првенство со репрезентацијата и ова е доказ дека нема бариера што ќе го спречи да дојде тука. Им благодарам на сите што помогнаа, што асистираа тој да биде тука со нас. Сите знаеме од какво знаечње е неговото присуство во националната селекција – порача Ангеловски од тренинг центарот на репрезентацијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.