Само уште една победа ги дели избраниците на фудбалскиот селектор Игор Ангеловски до историски пласман на ЕП, откако вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ славеа над Косово со 2-1

Последната пречка за учество на континенталниот собир ни е Грузија.

Без разлика што немавме публика на вечерашниот дуел, ја имавме поддршката од сите страни во пресрет на мечот. Не е ништо готово, мораме да се спуштиме на земја. Одиме сега во Грузија каде што ќе се бориме за историски успех, се надеваме дека конечно ќе се пласираме на Европско првенство. Ова е момент за радост за цела македонска нација. За шест дена веќе имаме меч со Грузијците, подобро ќе се запознаеме, би сакал да ги имаме сите играчи на располагање. Се надевам и со Елиф Елмас, кој ни испрати порака пред мечот. Што се однесува до повредата на Бејтулаи, се надевам дека не е од посериозен карактер – изјави Ангеловски на прес конференцијата после мечот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.