Селекторот Игор Ангеловски жали што противникот успеал од една шанса да дојде до трите бода и поради фактот што дојдоа огромен број на навивачи на трибините.

Една лошо исфрлена топка беше клучна и така Полска триумфираше од само од еден удар, но тоа е резултатот. Македонија покажа дека може да се носи со фаворити, се надевам дека вака ќе играме и против Австрија. Во второто полувреме имавме убава шанса преку Несторовски кој шутираше, а потоа од непосредна близина се најде и Алиоски. И во првото полувреме можевме да постигнеме гол, но не успеавме. Аплаузот на крајот кој го добивме многу ни значи, од 25.000 навивачи, изјави Анеловски.

објави слободенпечат.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.