Во пресрет на трите меча од квалификациите на Светското првенство во фудбал, се појавија првите проблеми за селкторот Игор Ангеловски. Ангеловски нема ад може да смета на Влатко Стојановски, кој игра во Шамболи, но и на Ѓоко Зајков, кој настапува за Шарлоа.

Французите одлучија дека нема да им дозволуваат на играчите да се враќаат во своите земји за да ги играат репрезентативните натпревари. Ова важи за странците кои се надвор од Европската Унија да се враќаат во „опасните зони“.
Ангеловски останува и без дефанзивецот Зајков, кој е позитивен на ковид 19.

Ова се првите две официјални откажувања во период од 24 часа, но според најавите, не се исклучува можноста „зелено светло“ да не добијат и играчите од Италија, откако владата во оваа земја најави поригорозни рестриктивни мерки поради пандемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.