Македонската фудбалска репрезентација доколку го совлада Косово во полуфиналето од Лига на Нации, натпреварот за пласман на ЕП 2020 ќе го игра на гости во Грузија или Белорусија, односно домаќин ќе биде подобриот од дуелот Грузија – Белорусија беше одлучено по денешната ждрепка за баражите во Лигата на нации во Нион.

С.Македонија за да се пласира во финалето ќе мора да победи против Косово на домашен терен на 26. март 2020 година. Евентуалното финале, македонската репрезентација ќе го одигра на 31. март 2020 година.

Селекторот на македонската А репрезентација Игор Ангеловски изјави дека за нас најважен е натпреварот со Косово, а мотиви за евентуално финале нема да недостасуваат.

– Ждребката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени. А, што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари, изјави Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.