По се изгледа дека Аурелио Де Лаурентис конечно ќе направи компромис. Веќе две сезони се шпекулира за продажба на Алан Маркес Лоуреиро, но високите желби на контроверзниот сопственик го направија тоа невозможно, пишува Деили меил.

За време на следниот трансфер-пазар, сепак би можеле да го видиме заминувањето на играчот од средниот ред.

Анчелоти е блиску до финализирање на преговорите, а според пишувањето на англиските медиуми цената е над 25 милиони фунти.

Алан е од 2015 година на стадионот на Сао Паоло, Бразилецот своевремено беше еден од најдобрите на својата позиција. Ќе видиме како оваа вистинска „машина“ ќе се снајде во Евертон и Премиер лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.