Искусниот италијански стручњак, Карло Анчелоти денеска во редовите на Наполи како засилување го доби македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, а проговоре и за имињата кои веќе одреден период се поврзуваат со клубот.

Играч како Хамес може да ни помогне да имаме подобра завршница или со топки кон напаѓачите. Секогаш имав одлични напаѓачи во кариерата од Инѕаги до Ибрахимовиќ. Икарди е одличен центарфор, ама и Милик. Полјакот можеби е покомплетен играч, иако Аргентинецот е одличен „финишер“. Да се зборува сега за Икарди ќе ги поткопа квалитетите на Милик, но сигурен сум дека сите ќе бидеме среќни со тимот на располагање на 31 август, порача Анчелоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.