Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, беше видно разочаран од настапот на неговиот тим во синоќешниот пораз од 3 – 4 против Јувентус во дербито од второто коло во Серија „А“.

„Небесно-сините“ заостануваа 0 – 3 по 60 минути игра, но го израмнија резултатот на 3 – 3 за само 15-тина минути. Во последната минута од натпреварот, сепак, Калиду Кулибали си постигна автогол што им донесе победа на „бјанконерите“.

Не беше позитивен тест за нас. Губевме 3-0 до 60-та минута, потоа израмнивме на 3-3, но нашите перформанси сè уште не беа на потребното ниво во целина. Крајниот резултат да беше 3-3, не би го променил фактот дека не игравме добро, изјавил стратегот.

Во првиот дел, Фабијан Руиз беше изолиран во големи периоди, така што имавме проблеми да развиваме квалитетен контранапад, иако просторите беа на располагање. По паузата, направивме некои промени и игравме подобро. Одбраната е колективна одговорност. Дефанзивците не можат да бидат обвинети затоа што луѓето не се жртвуваат доволно за да им го олеснат тоа. Мораме да работиме многу во оваа насока, истакнал Анчелоти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.