Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги пофали своите фудбалери за прикажаните игри во сезонава што е пред крај.

Италијанецот истакна дека 2021/22 би можела да биде за него најуспешна сезона во кариерата.

Никогаш не сум бил на оваа позиција во оваа фаза од сезоната. За една недела станавме шампиони и стигнавме до финалето на Лигата на шампионите. За целосна заокружување на среќата би било одлично да ја освоиме Лигата на шампионите на 28 мај и ќе се обидеме да го направиме тоа. Ако победиме, тоа ќе биде најдобрата сезона во мојата кариера – порача Анчелоти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.