Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, по синоќешниот нерешен резултат со Џенова (1:1) во рамките на 31. коло од Италијанскиот фудбалски шампионат рече дека е време неговите избраници да се разбудат.

Не мислам дека играчите не беа фокусирани на овој натпревар, бидејќи воопшто не зборувавме за Арсенал. Знаевме какви тешкотии би можеле да очекуваме, но она што се случи беше неочекувано. И покрај предноста од играч повеќе, ние бевме лоши во одбраната. Не го контролиравме натпреварот, бидејќи дозволивме противници да ги спроведуваат контра-нападите. Несомнено, ова е повик за будење за нас. Ако играме на овој начин со Арсенал, ќе имаме проблеми, изјави Анчелоти.

Наполи в четврток гостува во Лондон кај Арсенал во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Лигата на Европа на УЕФА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.