Фудбалерите на Алжир се победници на 32 издание на Африканскиот куп откако тие вчера во големото финале во Каиро со 1-0 ја совладаа репрезентацијата на Сенегал.

Единствениог гол на мечот падна уште во втората минута. Бунеџах биеше од далечина, топката незгодно се одби од еден дефанзивец, полета високо и мина точно под пречката.

По финалето следуваше и прогласување на најдобрите, па така наградата за најдобар фудбалер на турнирот му припадна на 21-годишниот алжирски репрезентативец Исмаел Бенасер. Момчето кое не беше доволно за Арсенал, па замина да ја гради кариерата во Емполи, сега е најдобар фудбалер на Купот на Африка 2019.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.