Македонскиот репрезентативен лев бек Езџјан Алиоски кој денеска го постигна единствениот гол во поразот од Украина со 1-2 во второто коло на Европското првенство, посочи дека жали што цел меч не го одиграле како второто полувреме во кое беа максимално храбри и офанзивни, па добро ги препотија Украинците.

„Одигравме две различни полувремиња, во првото им дадовме многу простор, не затворавме добро, им дадовме многу шанси да ни направат, слабо одигравме пресинг, не бевме агресивни. Можеби требаше повеќе да нападнеме, но се најдовме во два гола негатива и после такво нешто тешко е да го свртиме мечот. Но во вториот дел игравме како што требаше да играме цел меч. Но, лесно е сега, таков е фудбалот, но сѐ е во глава и во второто полувреме сакавме да го смениме пристапоит, станавме агресивни, трчавме, направивме шанси, но за жал дадовме само еден гол. Заслуживме еден бод, но не знам што ни се случи што вака не игравме од почеток. Знам имаме квалитет,но тој квалитет требаше да го покажеме од почеток, од прва минута да играме вака“, вели Алиоски.

Тој откри што селекторот Игор Ангеловски им рекол на полувреме по што една друга Македонија излезе во сосема поинаков лик од првиот дел

„Селекторот дојде во соблекувална и рече, иас имав друга идеја, друг тим што треба да игра, сега одете одиграјте како што сте играле, а што и да се случи, ние да одиграме како што знаеме“, посочи Алиоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.