Еден од најпознатите медиуми „Би-Би-Си“ денес го објави нивниот идеален тим во групната фаза од Европското првенство, а во него имаше место и за Езгјан Алиоски.

Идеалниот тим го бираа навивачите кои можеа да ги оценуваат играчите со оценка од 1 до 10 во текот на натпреварите, денес беа објавени резултатите. Алиоски има висока оценка од 8.19. Поголема оценка во тимот имаше само Кевин Де Брујн. Останатите фудбалери беа под осум.

Во тимот немаше место за Кристијано Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.