Прв гол за македонската репрезентација од фудбалерот Езгјан Алиоски. Ангеловски направи две замени на полувремето. Дарко Чурлинов и Алекс Трајковски се двајцата кои влегоа на теренот на полувремето, а во соблекувалната останаа Николов и Спировски. Тоа значи дека сега целосно ја отворивме играта.

Во 54. минута Трајковски успеа да ја погоди пречката со помош на одбрана на Бушан, а Караваев го спречи Пандев да стигне до топката и досуден беше пенал за Македонија.

Алиоски го изведе, и во 57. минута, го одбрани Бушан, но од одбиената топка 2:1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.