Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски договорил трансфер во Галатасарај.

Додека „жолто-црвениот“ тим бараше лев бек за следната сезона, многу имиња се најдоа на дневен ред. Галатасарај се состана со имиња како Курзава, Рикардо Родригез, Алиоски. На крајот, изборот паднал на Македонецот. Договорот за трансфер е готов – пишуваат турски медиуми.

Алиоски во Галатасарај доаѓа од Лидс. За премиерлигашот тој постигна 22 гола, а имаше и 16 асистенции на 162 натпревара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.