Поранешниот долгогодишен голман на Лидс и на англиската фудбалска репрезентација, Пол Робинсон, во изјава за британските медиуми истакна дека не очекува клубот да му понуди продолжување на соработката на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Договорот на Алиоски со премиерлигашот од Јоркшир истекува на крајот од сезоната.

Робинсон смета дека позицијата лев бек, на која тренерот на Лидс, Марсело Биелса, го форсира Алиоски, не е адекватна за македонскиот репрезентативец.

Алиоски „врза“ 16 натпревари во серија во почетниот состав на Лидс како лев бек, но по поразот од Арсенал (4:2), на 14 февруари, кога беше заменет на стартот на второто полувреме, како и по враќањето во тимот по повредата на Стјуарт Далас, тој го загуби првотимскиот статус.

Мислам дека левата бековска позиција не е типична за Алиоски за што говори и бројот 10 што го носи на дресот. Доколку тимот игра добро, Биелса нема да го менува и тоа ќе биде очигледна порака за Алиоски. Од друга страна, доколку тој не игра редовно и доколку левата бековска позиција остане единствена опција за него во тимот, мислам дека тој ќе си замине на лето кога му истекува договорот – изјави Робинсон за локалниот весник „МОТ Лидс Њуз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.