Талентираниот десен бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд ја освои наградата за најдобар фудбалер до 23 години во Премиер лигата.

Англискиот репрезентатовец го заслужи признанието пред триото на Манчестер Јунајтед – Маркус Рашфорд, Ентони Марсиал и Мејсон Гринвуд, по кои следуваат Мејсон Монт и Кристијан Пулишиќ од Челси, како и капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, кои исто така беа номинирани.

Александар-Арнолд (21) беше избран за победник по комбинацијата на гласови на навивачи и комисија составена од фудбалски експерти.

Десниот бек на Ливерпул сезонава оствари скор од 13 асистенции и четири гола во Премиер лигата.

Тоа е значајно постигнување за бекот, со оглед на тоа пто само плејмејкерот на Манчестер сити, Кевин Де Бруине, заврши со повеќе асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.