Големиот успех на македонската фудбалска репрезентација и пласманот на Европското првенство силно одекнаа и надвор од нашите граници, а честитка стигна ид од претседателот на Србија.

Иако српската репрезентација не успеа да го оствари успехот на Македонија и загуби од Шкотска на пенали, Александар Вучиќ, направи убав пријателски гест и јавно ни го честиташе пласманот на Европското првенство.

На сите граѓани на Македонија им го честитам историскиот успех и пласманот на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија со сето срце ќе бидеме со вас – порача Вучиќ на својот „Инстаграм“ профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.