Вечерва во рамки на Лигата на Шампионите ќе се одиграат две реванш – осминафинални средби помеѓу Јувентус и Атлетико Мадрид и Манчестер Сити и Шалке 04. „Јорганџиите“ натпреварот во Торино ќе го стартуваат со предност од 2-0, но и покрај тоа Масимилијано Алегри верува дека неговиот тим ќе обезбеди пласман во наредната рунда.

Потребен ни е целиот стадион, ова мора да биде величествена вечер. Важно е да бидеме добри во читање на моментите од натпреварот. Јувентус мора да биде многу интелигентен. Во фудбалот не постојат готови натпревари. Победа нема да значи дека ќе минеме во финалето, но би бил добар чекор кон таа цел. Атлетико досега има освоено три Европски лиги и стигна два пати до Лигата на шампионите. Силни се, но верувам дека ќе минеме понатаму, изјави Алегри пред вечерашниот дуел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.