Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри по вчерашниот пораз од Рома (2-0) изјави дека на тимот ќе му биде потешко да победува следната сезона.

Како и секогаш, по крајот на првенството ќе треба да се седне и да се размисли како да се зајакне тимот. Зад нас останува силна сезона, со освоени трофеи, но и со „кикс“ во Лигата на шампионите каде бевме елиминирани во четвртфиналето. Тогаш бевме без пет клучни играчи. Ова не значи дека тие што ги заменуваа не беа погодни, но моравме редовно да ги користиме истите играчи, а тие беа уморни.

Ќе ја проучуваме оваа сезона и ќе размислиме за иднината. По овие осум години, од кои пет минаа со мене на тренерската позиција, сметам дека ќе има помалку и помалку простор за грешка. Ќе биде потешко да се победува, вклучително и во Серија А, истакна Алегри.

Неговата иднина на клупата на Јувентус е неизвесна, а претходните денови светски медиуми објавија шпекулации дека Алегри летово ќе се пресели во Пари Сен-Жермен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.