Македонските фудбалски репрезентативци ќе поделат три милиони евра доколку вечерва ја совладаат грузија во баражот за Европското првенство, пишува „Спортмедиа“.

Таквиот триумф за Македонија ќе значи прв пласман на едно големо фудбалско натпреварување.

Од пласманот на ЕП многу ќе заработи и самата ФФМ која како награда од УЕФА ќе инкасира неверојатна сума од 9,45 милиони евра, поради што Федерацијата на чело со Муамед Сејдини одлучи богато да ги награди фудбалерите за кои ќе припаднат околу 30% од наградата од УЕФА.

Репрезентатовците веќе еднаша беа добро наградени и тоа за освојувањето на првото место во групата од Лигата на нации кое не доведе до овој историски меч. Во таа пригода фудбалерите поделија 500.000 евра.

Натпреварот птоив грузија се се игра вечерва од 18 часот на гостински терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.