Најтрофејниот македонски клуб Вардар доби суспензија од УЕФА за двегодишна забрана за настап во европските купови за сезоните 2019/20 и 2020/21. Единствениот начин да се спаси од ова е да ги плати заостанатите долгови до 31 јануари идната година. Вардар е меѓу трите клуба кои не го испочитувале финансискиот фер-плеј и затоа добиваат казна од регулаторното тело на УЕФА задолжено за контрола на ФФП.

Дополнително Вардар ќе мора да плати и парична казна од 100.000 евра. Во објаснувањето од УЕФА се вели дека клубот не ги исплатил доспеаните долгови до зададениот последен рок (30 септември) даден од Европската куќа на фудбалот. Вардар има парични казни и од УЕФА.

Покрај Вардар, идентична суспензија доби и бугарскиот клуб Левски, додека Спортинг Лисабон ќе мора само да исплати парична казна од 50.000 евра.

Македонскиот вицепрвак, како што е познато, има големи долгови кон поранешни и сегашни фудбалери. УЕФА на овој начин го принудува клубот да ги исплати договорените обврски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.