Македонскиот репрезентативец Адеми  ја презема вината на себе поради тоа што хрватскиот првак победи само со 3:2 во квалификациите за ЛШ против Валур на домашен терен.

Адеми погоди во 8 и 72. минута, но не реализираше пенал на резултат 3:0, по што исландскиот тим во завршницата стигна до 3:2.

– Одигравме добри 80 минути, а потоа промашивме пенал, поточно јас промашив пенал и затоа ја преземам одговорноста за резултатот.

– Жал ми е, виновен сум, можеше да биде 4:0, а ние ги вративме во игра. Се надевам дека на реваншот ќе изгледаме како во првите 80 минути, мора таму да ја завршиме работата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.