Британската влада го санкционираше рускиот милијардер Роман Абрамович и тоа го принуди газдата на Челси да го стави клубот на продажба, но иако до денеска се чинеше дека се оди по планиран тек, сега пристигна информација за можно комплицирање од страна на клучниот фактор.

Според изворите на угледниот „Тајмс“, Абрамович решил да ги усложни и отежни условите за продажба на Челси, што може да ги направи работите навистина лоши и неповолни за фановите на овој клуб.

Русинот сега бара од новиот газда да му го исплати долгот од 1,6 милијарда фунти кој првично реши да го отпише од продажбата, а таквиот пресврт во случајот може да донесе неповолен тек на настаните и покрај тоа што има многу понуди за купување на клубот.

Челси доби специјална дозвола од британската влада за нормално функционирање до 31-ви мај, датум кој воедно е посочен како последен за комплетирање на целата зделка која вреди неколку милијарди фунти.

Новите околности поставени од страна на газда Роман не одат во прилог на Челси, бидејќи новинарите од Англија велат дека е доведена во прашање и егзистенцијата на клубот доколку продажбата не се реализира до крајот на овој месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.