Нема победник на Европското првенство по 90 минути игра. Уште најмалку 30 минути ќе се игра додека да се дознае дали Англија или Италија ќе заминат дома со пехар. Големото финале меѓу Англија и Италија по голема битка во регуларниот дел заврши без победник, 1-1.

Англичанитево втората минута стигнаа до водство. Трипие нафрли од десната страна кон вториот дирек, каде Шо одлично се снајде и со прецизен волеј-удар го матираше Донарума, за најбрз гол на финалните натпревари на европските шампионати. Раното водство им овозможи на Англичаните да го контролираат темпото на натпреварот, умешно затворајќи ги приодите кон сопствениот гол. Киеза ја имаше најубавата шанса за „аѕурите“, но ударот на крилниот офанзивец на Италија заврши сантиметри крај голот на Пикфорд.

Во второто полувреме Берарди влезе наместо индиспонираниот Имобиле. Италија успеа да стигне до израмнување во 67. минута, Бонучи се снајде најдобро по еден корнер и од непосредна близина ја смести топката во мрежата.\

Бонучи израмнува! Италија се враќа во игра – Република (republika.mk)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.