Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја обелодени многу лошата финансиска состојба на клубот.

Дефицитот на нето средствата на Барселона е 451 милион евра. Тоа значи дека износот на долгот на клубот ја надминува вредноста на неговиот имот. 103% од приходите на клубот одат за плати. Оваа бројка е 20-25 повеќе од онаа на нашите конкуренти – соопшти Лапорта.

Претседателот на каталонскиот клуб истакна дека вкупниот долг на Барса е 1,35 милијарди евра.

Економската состојба на клубот е многу алармантна. Финансиската состојба е драматична – потенцира Лапорта.

Претходно, Лапорта изјави дека Барселона,  на крајот на сезоната 2020/21, ќе претрпи рекордни загуби од 487 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.