Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар попладнево претрпе висок пораз од Шкендија со 5:1 на отворањето на 9. коло во Првата лига.

Тетовци на убедлив начин ги освоија трите бода, демонстрирајќи доминација над младите вардарови фудбалери.

На Националната арена во Скопје, Вардар поведе во 12. Минута преку Поплзатанов, израмни Рамадани три минути подоцна, Ахмеди во 40.минута и донесе водсво на гостинската екипа.

Во второто полувреме три гола за тетовските „црвено-црни“. Погодија, Ибраими, Тотре и Ахмеди од пенал за убедлив триумф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.